(Галерија) Лејди Гага ги снима свадбените сцени за филмот „Гучи“

Светската ѕвезда Леди Гага, која ја игра Патриција Реџани во претстојниот биографски трилер „Куќата на Гучи“, се појави на сет во венчаница,

Гага носеше венчаница за сцената на венчавката на Реџани со Маврицио Гучи во 1973 година. Фустанот што го носеше Гага на сетот се разликува од оригиналниот што го носела Реџани.

Додека и двата се со долги ракави, фотографиите од свадбената церемонија ја прикажуваат Гага облечена во провидна наметка со V-израз и зашилена половина, за разлика од тој на Реџани, на кој не се провидени деталите на тантелата. Сепак, и двете имаа многу слични фризури и носеа голем букет со бело-розови цвеќиња.

„Куќата на Гучи“ ја следи приказната за Маурицио Гучи, кој го глуми Адам Драјвер, сопственикот на модната куќа „Гучи“, неговата поранешна сопруга Реџани и последиците од неговата смрт откако Реџани ангажираше убиец за да го убие во 1995 година.

Драмата во режија на Ридли Скот моментално се снима на локација во Италија, а во неа играат уште Ал Пачино, Селма Хајек, Џек Хастон, Рив Карни и Џереми Ајронс.

„Куќата на Гучи“ ќе почне да се прикажува во кината од  24 ноември.

 

 

(Галерија) Првите фотографии од снимањето на филмот „Гучи“: Лејди Гага и Адам Драјвер како црната вдовица и Маврицио Гучи

Scroll to Top