(Галерија) Првите фотографии од снимањето на филмот „Гучи“: Лејди Гага и Адам Драјвер како црната вдовица и Маврицио Гучи

Светската поп-ѕвезда Лејди Гага и актерот Адам Драјвер беа фотографирани за време на снимањето на првите сцени за новиот филм „Гучи“, во режија на Ридли Скот.

Фотографиите од папараците се направени во мал град во Италија, каде што Лејди Гага допатува од Рим.

Првично беше фотографирана на крајот на февруари, поради новата боја на коса. Како бринета пејачката се појави пред фановите низ улиците во италијанската престолнина.

Таа ќе ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маврицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Гучи“, додека актерот Адам Драјвер ќе го игра Маврицио.

Патриција, попозната под прекарот „црната вдовица“, поминала 18 години во затвор затоа што ангажирала професионален убиец за да го убие својот поранешниот сопруг во 1995 година.

 

Scroll to Top