(Галерија) Мајкл и Кетрин ги собраа четири генерации од семејството Даглас на ручек

By

Холивудската двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас организираа семејна прослава на која ги собраа сите членови од семејство. На семејниот ручек се собраа неколку генерации, а разликата во години меѓу најмладиот и најстариот член е од 20 месеци до 102 години.

Четири генерации од семејството се собраа во Калифорнија, а на собирот присуствувал и Кирк Даглас.

Веста за семејниот ручек се рашири по социјалните мрежи благодарение на Келси Даглас, 24 годишната постара ќерка на Мајкл Даглас, која објави две фотографии од прославата.

На фотографиите ги има Кетрин, Мајкл и нивните деца Дилан и Карс. Најмладиот член на семејството било бебето Лука кое е старо само 20 месеци. Лука е ќерка на синот на Мајкл од претходниот брак со Камерон Даглас.

Фановите на социјалните мрежи ги пофалија Мајкл и Кетрин што ја негуваат семејната традиција и што пронашле време да го соберат целото семејство заедно.

 

Ќе ви се допадне