(Галерија) Меган Маркл е модна икона за 2019 година

Порталот Lyst Index ја прогласи војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за највлијателна модна икона во 2019 година. По неа на листата се најдоа Кајли Џенер и Карди Би, кои беа на врвот минатите две години. Меган е и единствената членка на кралското семејство што некогаш се нашла меѓу првите десет жени на познатата листа.

Оттаму, велат дека во изборот најмногу зеле предвид колку проценти скокнала продажбата на парчињата облека откако славните жени ги носеле. Кај Меган тој број изнесува неверојатни 216 проценти. Лани Меган заврши на третото место на истата оваа листа.

Scroll to Top