Холивудската глумица Менди Мур викендов се омажи за Тејлор Голдсмит, пејачот на групата „Двајн“. На свадбата невестата носеше розов фустан од тантела во бохо стил, со розов вел и цветови во косата. Младоженецот избрал класичен костум со бела кошула и вратоврска.
Свадбата со педесетина гости се одржа во дворот на нивната куќа во Лос Анџелес. Меѓу гостите беа и глумците од серијата This Is Us, една од најпопуларните американски серии во моментов, во која Менди ја игра главната улога.
Ова е втор брак на глумицата. Таа претходно беше мажена за музичарот Рајан Адамс, од кого се разведе 2016 година.