(Галерија) Принцот Чарлс во цветни шорцеви на плажа на Барбадос

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила се на одмор на Барбадос, пишува британски „Дејли меил“. Весникот објави неколку фотографии од плажа, на кои британскиот престолонаследник е облечен во цветни шорцеви, а Камила носи едноделен тегет костум за капење. Откако медиумите ги објавија сликите од плажа, Британците коментираат дека нивнте идни крал и кралица изгледаат одлично за годините. Принцот Чарлс неодамна наполни 72 години.

„Принцот од Велс и војвотката од Корнвел се на 12-дневна турнеја на Карибите, но во овој период имаат само неколку кралски активности, а останатото време ќе одмораат“, стои во соопштението на Бакингамската палата. За време на одморот тие ќе посетат неколку карипски острови.

 

Scroll to Top