Данската тенисерка со полско потекло Каролина Возњацки (28) се омажи. Поранешната првопласирана тенисерка на WTA листата, се омажи за Дејвид Ли, поранешен НБА кошаркар. Венчавката ја направија во Тоскана пред 100 поканети гости, пријатели и семејството. Страросватица ѝ беше нејзината колешка Серена Вилијамс.
Во интимен амбиент на една винарија во еден од најубавите и наромантични делови на Италија, Каролина и Дејвид ги разменија заветите. Венчавката се случи во хотелот Castiglion del Bosco, во кој пред три години Кејт Аптон се омажи за бејзбол играчот Џастин Верландер.
Меѓу поканетите беа и НБА кошаркарот По Гасол и Харисон Барнс, тенисерката Анжелик Кербер, ѕвездата од американското рагби Џеси Палмер и многу други.
Каролина носеше венчаница дизајнирана од Оскар де ла Рента, еден од најпознатите модни креатори во светот, чија специјалност се венчавките.
Ли ја запросил Каролина во 2017 година, две години откако се запознале преку заеднички пријател. По разочарувачките настапи на Ролан Гарос, и испаѓањето уште во првото коло од Вероника Кудерметова во три сега, во моментов 14. тенисерка во светот се подготвува за Вимблдон.