(Галерија) Се собра екипата на „Беверли Хилс“, почнува снимањето

Дел од оргиналните ликови на култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ се сретнаа пред неколку дена во студиото на Си-би-ес да разговараат за нови епизоди од серијата, пишува порталот „Џаст џеред“ на кој се објавени и слики од средбата.

Според нив, студиото Си-би-ес сака да сними неколку сезони од најпопуларната серија на ’90-тите. Наводно Џени Гарт (Кели), Тори Спелинг (Дона), Џејсон Присли (Брендон), Јан Зеринг (Стив), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Габриел Картерис (Андреа) веќе потврдиле дека ќе бидат дел од новото продолжение, но засега нема одговор од Лук Пери (Дилан) и Шенон Доерти (Бренда).

Оргиналната серија ја креираа Дарен Стар и Арон Спелинг. Таа се прикажуваше од 1990 до 2000 година. Потоа, беше снимено продолжение со други ликови, но таа не го повтори успехот на оригиналната серија.

 

Scroll to Top