(Галерија) Светските ѕвезди за новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ за светските ѕвезди секогаш беше ноќ за паметење. Но егзотичните патувања, елитните забави и концертите  годинава беа заменети со забави во домашен амбиент.

Клое Кардашијан

„Среќна Нова година. Најдобра забава во градот. Забава за двајца  “,  Клое се задеваше преку Инстаграм додека славеше дома со својата ќерка Тру. „2021, те молиме, биди љубезна со нас. На здравје за сите позитивни работи во 2021 година .

Кристи Тајген и Џон Леџент

„Мама и тато ви посакуваме среќна, здрава и убава година, благословена со најчистите радости и најпозитивните вибрации“, напиша Кристи Тајген на Инстаграм додека позираше покрај сопругот Џон Леџент во празнична облека.

Џенифер Анистон

Ѕвездата од “Пријатели” го затвори нејзиното поглавје во 2020 година со своето ново куче за спасување, Лорд Честерфилд.

Кортни Кардашијан

„Со текила и лимон“, напиша Кортни на Инстаграм облечена во авангарден фустан и мали очила за сонце.

Дру Баримур

Во забава за еден со танцување, ѕвездата Дру Баримор си приреди забава во својата дневна соба.
“Од соло новогодишна ноќ со вклучен телевозор ви посакувам Среќна нова година на сите“, напиша таа.

Џенифер Гарнер

„Се сеќавате како се дотерувавте и излегувавте со девојките? Среќна Нова година!, посака актерката Џенифер Гарнер, со фотографија од вечерно излегување со колешките Кејт Хадсон и Рис Витерспун.

Додека се збогуваа од 2020 година, Џенифер Гарнер, Бека Куфрин и повеќе  им се заблагодарија на своите обожаватели за целата поддршка низ тешката година.

Scroll to Top