Музичката ѕвезда Тејлор Свифт неодамна купи луксузен стан во најелитниот дел на Њујорк. Тејлор станот го платила 18 милиони долари.
Во непосредна близина на станот се наоѓа и нејзината куќа, која ја купила во 2014 година. За куќата тогаш Свифт платила 20 милиони долари, а потоа за реновирање дала уште 535 илјади долари.
Новиот дом на Тејлор изгледа како дом од модерна бајка. Има кино-сала, вежбалница, мини спа-центар. Станот е на два ката, има две спални соби, две гостински соби и огромни гардеробери, еден за „неа“ и еден за „него“. Во станот има и огромен бар и тераса со поглед на висококатниците во Њујорк.