(Галерија) Ѕвезди кои станале мајки по четириесеттата година

Светските ѕвезди често решаваат да станат мајки и по четириесеттата година. Велат, желбата да се роди дете не зависи од годините.

Џенет Џексон

Пејачката е апсолутен шампион помеѓу „постарите“ мајки. Сестрата на Мајкл Џексон го роди своето прво дете на 51 година. Момчето, кое се вика Иса, е родено во јануари 2017 година и беше потполно здраво.

Ева Лонгорија

„Мојот живот е полн со деца“, долго време велеше актерката. И конечно на 43 години се предомисли и го роди синот Сантијаго. Но, истовремено го демантираше митот дека доцната бременост е тешка за женското здравје. Ева без напор застана на црвениот тепих.

Мараја Кери

Поп дивата забремени кога имаше 41 година и роди близнаци. Вистина е дека во текот на бременоста пејачката морала да внимава: поради тоа што претходно имала спонтан абортус, Мараја се плашела од повторување на приказната.

Салма Хајек

Мексиканската убавица имаше многу возбудлива бременост: во средината на терминот, на Салма ѝ беше дијагностициран дијабетес кој се заканува како за самата Хајек, така и за детето бидејќи постоеше можност тоа да се роди за Даунов Синдром. За среќа, на крајот 41-годишната ѕвезда ја роди потполно здравата Валентина.

Џина Дејвис

Џина имаше 46 години кога ја роди својата ќерка. После 5 години таа роди синови-близнаци. Сите три бремености ѝ беа необично лесни, а породувањето брзо и безболно.

Никол Кидман

Во младоста, Никол Кидман имаше два спонтани абортуса. Но, тек во четириесеттите години, актерката конечно успеа: благодарение на лечењето, Никол издржа и ја роди долгоочекуваната ќерка Сенди Роуз. Две години подоцна, девојчето доби сестра – но, неа ја роди сурогат мајка. Втората бременост за Никол повторно станала невозможна, поради здравствените проблеми.

Хали Бери

Хали Бери ја роди ќерката на Нала на 41 години и за крајната бременост зборуваше со екстремно одушевување. „Имав толку енергија што се чувствував како да сум вистинска Супер жена. Би сакала така да се чувствувам во текот на целиот живот“. Инспирирана од своето прво искуство, на 47 години го роди синот кој го доби името Масео.

Моника Белучи

Моника ја роди својата прва ќерка Ева непосредно пред да наполни 39 години, а втората на 45 години. „Жените кои доцна раѓаат, како мене, сакаат да покажат колку се храбри. Точно е, затоа што колку сте постар, толку е поголем ризикот за вас и детето. Но, јас лично не се сметам за смела. Мислам дека имав среќа. Кога го родив своето прво дете на 39 години, реков дека сакам што поскоро и второ дете, но во реалноста не бев спремна за тоа. Децата не се филмови, не трпат гужва и брзање во припремите за премиерата,“ вели Белучи.

Дијана Кругер

Иако десет години беше во врска со Џошуа Џексон, сепак не се осмели да има дете. Но, посака да има деца со Норман Ридус уште првата година. Кога остана бремена, таа имаше 42 години.

Ева Мендез

Актерката долго време сметаше дека никогаш нема да стане мајка. Но, тоа беа само претпоставки – Ева само го чекала „својот“ маж. На Рајан Рослинг му роди две ќерки, Есмералда и Аманда. Прв пат кога забремени имаше 40 години.

Мила Јовович

Во 2007, убавата Мила со потекло од Киев, го роди своето прво дете – ќерката Ева. Во 2015 година, кога Мила имаше четириесет години, е роден Дашиел. Тогаш се случила и третата бременост, која за жал завршила со присилен абортус, за да во 2019 година на 43 години, Мила се одлучи да направи уште еден обид – и набрзо потоа најави дека таа и нејзиниот сопруг Пол Андерсон чекаат ќерка.

Scroll to Top