Генерална проба пред кралската венчавка

Организаторите на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за проба пред церемонијата без невестата и младоженецот. Тие деннес ќе ги финализираат деталите од гала венчавката, кoја ќе се одржи во сабота во капелата на црквата „Свети Џорџ“ на имотот на замокот Виндзор.

Во рамки на венчавката планирано е 25-минутно возење со кочија на принцот Јари и Меган маркл на имотот по завршувањето на церемонијата.

На венчавката ќе присуствува и воен контингент со оглед на тоа дека Хари повеќе години служеше во војската.

Се уште не се знае кој ќе ја однесе невестата до олтарот, затоа што тоа требаше да го направи нејзиниот татко, но тој има проблеми со срцето.

Нејзината мајка Дорија Регланд може да го направи тоа доколку биде потребно, наведува АП.

Scroll to Top