Георгина Родригез: Роналдо се пали кога носам долна облека

Георгина Родригез во едно од своите интервјуа за британски „Сан“, проговорела за интимните моменти од животот со нејзиниот партнер, Кристијано Роналдо. Таа открила дел од предностите и недостатоците поврзани со односот со најдобриот фудбалер.

Таа вели дека не е едноставно човек да биде со позната личност, но тоа што е со Роналдо не би го менувала за ништо на светот. Георгина вели дека е подготвена да направи сè за љубовта и ништо не и претставува проблем кога е во прашање Роналдо.

„Она што јас го чувствувам кон Кристијано е посилно од било што и било каков притисок. Заедно сме посилни во нашата врска и постои обострано воодушевување, а заведувањето ми е исто така важно. Секогаш спијам во секси долна облека. Она што е удобно и романтично го усреќува мојот маж“, открива Георгина.

Таа откри детали и од нивната фатална средба. Двојката се запознала пред три години, додека Георгина  работела како асистентка во една продавница во трговски центар.

„Неколку дена подоцна се видовме на еден евент на друг бренд и тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера, надвор од моето работно опкружување. Беше тоа љубов на прв поглед за двајцата“, вели Георгина.

 

Scroll to Top