Ги обедини грижата за татко им, се смирија Вилијам и Хари

Британскиот принц Вилијам, повторно зборува со неговиот брат Хари, пренесуваат британските медиуми. Повод за смирувањето е грижата за нивниот татко принцот Чарлс.

За тензиите меѓу двајцата браќа и војвотките, веќе долго време се пишуваше во британските медиуми. Некои од нив шпекулираа дека Меган и Хари побегнаа во Канада, а потоа и во САД, поради несогласувањата кои ги имаа со Вилијам и Кејт, кои пак не сакаа да ја прифатат поранешната американска глумица во семејството.

Сепак, пандмијата со коронавирусот, раздвоеноста и заедничката грижа за нивниот татко Чарлс, кој се зарази од опасниот вирус, а потоа и оздраве, го направија своето, пишуваат медиумите.

Entertainment Tonight пренесува дека браќата ги закопале воените секири и дека долго време не биле вака блиски.

„Меѓу нив имаше огромни разлики, но работите се поправија и знам дека повторно се слушаат на телефон или преку видео повици. За семејни родендени и слични прилики, а мислам дека и болеста на принцот Чарлс, ги натера повторно да почнат да разговараат“, објасни експертот за кралското семејство Кати Никол.

Таа додава дека на Хари му недостига домот и дека помладиот брат, се нема целосно адаптирано на животот во САД, иако тој е задоволен со слободата, која тој и Меган ја ужуваат надвор од кралското семејство, чија традиција, преку секојдневните обврски и должности ги спречувало во тоа.

„Мислам дека и на едната и на другата страна им олесна кога драмата престана. Хари и Меган започнаа нов живот, а Вилијам и Кејт сега можат да се вратат на старо и да живеат онака како што тие сакаат. Верувам дека сепак им недостига Хари да биде во нивна близина“, додала таа.

 

Scroll to Top