„Ги пробав сите дроги“, Џони Деп пред судот искрен за болните теми

Адвокатката на поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, на денешното судење го испраша холивудскиот глумец за доста болни теми.

Таа истакна дека сакала да „почне од самиот почеток“, па затоа почна да набројува мрачни случки со цел да го претстави Деп во најтемно издание. Сепак, неговите одговори беа неочекувано искрени.

Адвокатката прво го праша Џони за инцидентот кога бил уапсен за напад врз чувар. Џони во тоа време имал 25 години, и тој одговори дека е вистина и дека се случило.
На прашањето за инцидентот од времето кога имал 31 година, кога уништил хотелска просторија, поради што морал да плати речиси 10.000 долари на хотелот актерот одговори потврдно, но рече дека не се сеќава точно колку била штетата, додавајќи дека станува збор за „неколку вдлабнатини“.

Адвокатката рече дека Деп има „моќ, пари и влијание“, со што тој не се согласи. Потоа призна дека користел дрога и алкохол. Актерот ја потврди изјавата дадена за весник, „Јас пробав секаква дрога до 14-годишна возраст“, ​​а потоа додаде дека пробал „секаков вид дрога што му е позната на човекот“.
– „Имаше опасност да го преминам работ, и можев“ – адвокатката ја цитираше изјавата и го праша Деп дали тоа е веродостојно.

– Во тој момент од мојата младост, да. За време на моето искуство со наркотици и стимуланси, почнав да пијам алкохол уште на рана возраст. Имаше многу непријатности во мојот дом. Мајка ми имаше обичај да ме праша дали земам таблети за смирување и тоа го правев, на 11 години. Ова веројатно беше единствениот начин да ја ублажам болката – рече Деп.

Адвокатката го праша дали користел кокаин, МДМА, екстази, канабис и Деп рече дека зел сè што навела, како и лекови на рецепт.

Џони се согласи дека Кит Ричардс е неговиот „модел на пријател“.
На прашањето дали се дрогирал со Мерилин Менсон, Џони рече:

– Да, двапати, долго пред врската со Амбер. Не по 2011 година.

На ова, адвокатката на Амбер Херд рече: „Лажеш“.

Тој призна дека актерот Пол Бетани (49) е негов пријател и дека заедно користеле дрога и пиеле. Тој изјавил дека користеле кокаин, алкохол, ксанакс.

На прашањето за „вајпер-соба“ и за изјавата на адвокатот дека актерот Ривер Феникс починал во неговиот клуб (1993 г.), Деп рече: „Тој почина надвор. Не видов кога се случи. Ривер се чувствуваше лошо, излезе од вратата и  се сруши“.

 

Scroll to Top