Ги сруши сите рекорди со „Гангам стајл“, но славата лошо му влијаела на Псај

Јужнокорејскиот пејач Парк Џи Сенг, познат како Псај, ги сруши сите рекорди со неговиот хит „Гангам стајл“, но тој вели дека славата лошо му влијаела на неговиот живот. Псај вели дека после успехот со песната, тој се свртел кон алокохолот. Вотката вели му била најдобар пријател и кога бил тажен и кога бил среќен.

Во 2012 година Псај со „Гангам стајл“ собра над 3,6 милијарди прегледи. За половина година, хитот премина преку милијарда кликови, а Псај стана првиот изведувач на кого му успеало такво нешто.

Многумина тогаш го нарекувале кралот на „Јутјуб“, и во светот го имитираа неговиот танц од спотот. Тој ја објви и песната „Џентлмен“, која исто така премина преку милијарда прегледи. Сепак, неговата глобална слава брзо спласна. Псај и понатаму се занимава со музика, но не објавува толку често песни и не собира милијарди кликови.

Сепак и понатаму има милиони прегледи, само што не е вирален како претходно. Иако во 2012 година стана плантерано популарен. Псај, во Јужна Кореја почнал со кариерата уште во 2000 година. Но, морал да паузира за кратко, за да замине во војска. Се вратил во 2009 година.

Ниту детството не му биле сјајно како што многумина мислат. Тој имал нарушени односи со татко му, а завршил и во затвор поради поседување на марихуана. Откако популарноста му паднала, тој се посветил на работата зад камерата. Основал своја компанија P Nation, која работи како дискографска куќа.

Денес, Псај им помага на бројни локални ѕвезди да се пробијат на светскиот музички пазар.

 

Scroll to Top