Гигс спиел со сопругата на брат му, приказната за неверството на познатиот фудбалер

Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, осум години бил во тајна врска со сопругата на неговиот брат Родриј. Гигс и Наташа се запознале во ноќен клуб во Манчестер, додека сопругата на фудбалер, Стејси во тоа време била бремена. По два месеци врска со Гигс, Наташа го запознала и Родриј со кого подоцна се омажила.

Таа признала дека направила абортус на детето кое го добила со Гигс. Во цела Британија се крена прашина околу неверството на познатиот фудбалер кој отсекогаш во јавноста важел за семеен човек. Наташа го обвинила дека тој манипулирал со неа, а по кратко време таа ја прекинала врската и со неговиот брат.

Рајан Гигс сега е селктор на репрезентацијата на Велс. Оваа афера предизвикала големи турбуленции во неговото семејство, Некои го поддржале, а некои застанале на страната на брат му Родри. Нивниот татко Дени Вилсон, исто така познат поранешен спортист во Британија, бил погоден од постапките на Гигс и се одрекол од него.

„Тој за мене повеќе не постои. Не ми е син“, изјавил Вилсон.

„За добар тренер најважна е довербата. Не гледам сега како фудбалерите можат да му веруваат на Рајан, по сето тоа што му го направи на родениот брат. Спиеше со неговата жена осум години“, изјавил Вилсон.

Рајан Гигс, по откривањето на аферата се разведе од неговата сопруга Стејси. Гигс сега излегува со Хелен Стелинг Холт, девојка која ја запознал на стадионот „Олд Трафорд“, каде таа редовно пушта музика на настаните, пишува „Дејли Мејл“.

 

 

 

Scroll to Top