Гислајн Максвел, некогашна милионерка осудена за заведување малолетни девојки, денес е чистачка на затворски тоалети 

Гислајн Максвел ќе заработува 15 центи на час чистејќи ги тоалетите во затворот во Флорида каде ја отслужува својата 20-годишна затворска казна, открива Дејли Меил.

Поранешната старлета, која некогаш водела раскошен начин на живот, а меѓу пријателите ги броела принцот Ендру и Бил Клинтон, сега ќе заработува во затворот Талахаси каде е сместена.

Затворските советници рекоа дека Максвел ќе чисти тоалети, бањи или ќе мие садови пред да и биде доделена долгорочна работа. Советниците рекоа дека Максвел би можела да стане мета на другите затвореници доколку не се однесува скромно и не престане да се жали на својот живот. Максвел досега го направи токму спротивното, немилосрдно жалејќи се за нејзините услови додека го чека судењето.

Тие рекоа дека затворот во Талахаси е голем чекор од центарот за притвор „Метрополитен“ во Бруклин, Њујорк, каде Максвел била држена две години, за време на која таа тврдела дека ѝ служеле храна со црви во неа и дека се будела на секои 15 минути.

Поранешната девојка и соработничка на Џефри Епштајн, Гислајн Максвел, која му помагала да заведува малолетни девојчиња, минатиот месец беше осудена на 20 години затвор.

Во декември минатата година, Максвел беше прогласена за виновена за заведување малолетници за сексуална злоупотреба. Епштајн беше осуден сексуален престапник кој почина во федерален притвор во Њујорк додека го чекаше судењето за педофилија.

Застрашувачки детали од приказната за Гислајн Масквел има во книгата „Мистериозната смрт на Џефри Епштајн“ објавена од „Њујорк пост“ во 2020 година. Во неа пишува дека Гислајн Максвел и Бил Клинтон имале сексуални односи додека патувале со авионот на Епштајн Лолита Експрес, а поранешниот американски претседател ја посетил во нејзиниот дом на Менхетен. Клинтон негираше дека е во врска со Максвел, но се сомнева дека со неа регрутирал девојки за Епштајн, а на почетокот на 2000-тите биле фотографирани во авионот на милијардерот. Поранешниот прв човек на САД ги негираше ваквите тврдења, велејќи дека не знае ништо за сексуалните злосторства на Епштајн.

Scroll to Top