Гламур во Кан: црвен тепих и журки без ограничувања на Филмскиот фестивал

Со дефиле на големите холивудски ѕвезди и гламурозни креации на црвениот килим вчеравечер се одржа свеченото отворање на 74. Кански филмски фестивал. Годинешното издание се одржува на ист начин како пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, со филмски проекции со публика, црвен тепих, забави за филмските работници и за гостите на Фестивалот.

„Сакаме да веруваме дека ситуацијата во светот се враќа во нормала, па затоа фестивалот што толку многу го сакаме и во кој вложуваме со години, ќе се одржи како пред пандемијата“, рекоа организаторите.

Фестивалот во Кан е еден од најпрестижните на светот. Годинава го отворија режисерите Бонг Џун-хо, Спајк Ли и Џоди Фостер и Педро Алмодовар, а Фостер доби награда за животно дело.

Жените ќе бидат помногубројни од мажите во жирито на Канскиот филмски фестивал оваа година. Пет жени ќе го сочинуваат панелот од девет члена: француската актерка Мелани Лорен, американската актерка Меги Гиленхал, филмските режисерки Џесика Хауснер и Мати Диоп и пејачката Милен Фармер.

На фестивалот за „Златната палма“ ќе се натпреваруваат 24 филма, а ќе бидат прикажани повеќе од 60 филма.

Канскиот фестивал, кој обично се одржува во мај, беше преместен во јули поради корона-пандемијата. Во Кан нема полициски час, ниту ограничувања за бројот на луѓе во киносалите, но носењето маска останува задолжително во затворените простории.

Scroll to Top