Глумецот Денис Квејд во врска со 39 години помлада девојка

Глумецот Денис Квејд е во врска со 39 години помлада девојка, пишуваат светските таблоиди. Тој од неодамна се вери со студентката Лара Савој. На Квејд не му смета големата разлика во години, пишува „Гардијан“. Тој вели дека случајно се запознал со неа на деловен настан, но немал намера да се заљуби во помлада девојка.

„Јас сум човек кој не се заљубува лесно. Но, не можам да дозволам неколку луѓе да го контролираат моето мислење. Досега трипати бев во брак и сигурен сум дека ова е последен. Се чувствувам како да ја имам вистинската партнерка покрај мене во животот“, вели Квејд.

Двајцата се запознале на деловен настан, а потоа за многу брзо време се зближиле.

Глумецот за британскиот весник изјавил дека ниту на него ниту на неговата вереница не им сметаат коментарите за годините и дека не ги сваќаат лично.

„Не ни смета тоа што коментираат за годините кои ги имаме. Ниту на мене, ниту на Лара. Секој зборува од своја перспектива, па така не можам јас да коментирам како тие се чувствуваат. Не можам ниту да им се лутам“, вели Квејд.

Scroll to Top