Глумецот Рајан Грентам е осуден на доживотен затвор за убиство на мајка си

By

Глумецот Рајан Грентам од серијата „Ривердејл“ е осуден на доживотен затвор за убиство на неговата мајка. Врховниот суд на Британска Колумбија во Ванкувер му ја изрече казната според која тој нема да има право на оди на условна слобода во следните 14 години. Казната на Грентам се очекуваше бидејќи тој се изјасни за виновен за убиство од втор степен, што носи автоматска доживотна затворска казна во Канада.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите на сослушувањето во јуни рекоа дека на 31 март 2020 година, Грентам ја застрелал својата 64-годишна мајка, Барбара Вејт, во задниот дел од главата додека таа свирела на клавир. Грентам признал дека го вежбал убиството, а кажал и дека дента по убиството ставил три пиштоли, муниција, десетина молотови коктели, материјали за кампување и насоки до домот на канадскиот премиер Џастин Трудо со намера да го убие. Меѓутоа, наместо тоа, тој ѝ се предал на полицијата во Ванкувер.

Според извештајот на „Си-би-ес“, кој прв ја објави веста за песудата, психијатриските извештаи укажуваат дека пред убиството, Грентам минувал низ интензивен период на клиничка депресија, со нагони да изврши насилство и самоубиство. Грентам наводно решил да ја убие својата мајка, која во тоа време се борела со ракот, за да ја поштеди да не го види насилството што тој имал намера да го изврши.

 

Ќе ви се допадне