Глумицата Лори Лофлин е осудена на казна затвор

Глумицата Лори Лофлин е осудена на два месеца затвор бидејќи дала поткуп за да ги добие одговорите за приемните испити на факултет и да ја запише својата ќерка на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во истиот скандал со приемните испити беше вклучена и актерката Фелисити Хофман од „Очајни домаќинки“, која пред неколку месеци веќе ја издржа затворската казна.

Лофлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џианули се обидоа да ја избегнат тужба за поткуп, но обвинителството и судот во Калифорнија, решија да ја продолжат постапката против нив. Судот ги осуди затоа што се согласиле да го поткупат Вилијам Рик Сингер со половина милион долари, кој обезбедил нивната ќерка да ги фалсификува и препише точните одговори на тестот за упис на факултет.

Лори со сопругот

Холивудската глумица, која се прослави со улогата во серијата „Полна куќа“, по овие два месеци затвор, ќе служи и условна казна од две години во кои не смее да го повтори делото. Таа ќе мора да одработи и 100 часа општествено корисна работа и да плати казна од 150.000 американски долари. Нејзиниот сопруг е осуден на пет месеци затвор, по што ќе мора да одработи 250 часа општественокорисна работа и да плати казна од 250.000 американски долари.

Брачната двојка е должна да се пријави во затвор до 19 ноември за издржување на казната.

 

Scroll to Top