Глумицата Моли од „Капетан Америка“ е обвинета за убиство на мајка ѝ

Продуцентката и глумица Моли Фицџералд е приведена поради убиство на нејзината мајка. Полицијата се сомнева дека Моли ја нападнала нејзината мајка ѝ со нож во нивниот дом на 20 декември. Моли, која имаше помала улога во мега хитот „Капетан Америка 2011“, е обвинета дека ја убила мајка ѝ Патрисија и е уапсена на Стара година, пишува „Дејли мејл“. Таа е обвинета за убиство од втор степен, а денес треба за првпат да се појави пред судот.

Поводот за убиството засега не е познат. Полицијата се сомнева дека таа со ножот ѝ нанела смртни рани во домот во Канзас Сити. Погребот на Патрисија е закажан за в петок, а сите нејзини пријатели и членови во семејството имале само пофални зборови за неа. Ја опишале како драга личност која е подготвена да му помогне на секого.

Братот на Патрисија, Гери Хунзикер, дал кратка изјава во која соопштил дека не може да поверува што се случило.

„Сите сме шокирани. Не се важни последиците, губењето на сестрата е она што е важно“, изјавил Гери.

 

 

 

Scroll to Top