Глумицата Сиена Милер чека дете со 15 години помладиот партнер

Глумицата Сиена Милер (41) и нејзиниот 15 години помлад партнер, музичарот Оли Грин (26) чекаат дете, пренесе People. Двајцата сè уште не ја потврдиле среќната вест, но папараците ја снимија Милер со трудничкиот стомак на Ибица.

Гласините дека се во врска започнаа во февруари минатата година кога беа видени во Њујорк. Врската ја потврдија малку подоцна на филмските награди БАФТА. За потсетување, Сиена претходно беше во врска со актерот Том Стариџ од 2011 до 2015 година и ја имаат десетгодишната ќерка Марлоу .

 

Scroll to Top