Поминаа точно три години од терористичкиот напад во Манчестер Арената, каде американската пејачка Аријана Гранде одржа концерт. Напаѓачот самоубиец од Либан, Салман Рамадан Абеди, се разнесе на излезот од Арената, откако заврши концертот. Тој поччина заедно со уште 22 луѓе, а ранети во нападот беа 119 лица.
Аријана поради тој настан, како што самата рекла, добила пострауматско стресно пореметување.
„Сакам да одвојам момент за да испратам љубов на сите кои се тажни и депресивни, за годишнината која ни доаѓа. Не минува ден, а оваа трагедија да не влијае на мене и сите нас. Ќе мисалм на сите загинати цела недела и викенд“, напишала Аријана на социјалните мрежи и кажала дека ќе се моли за сите починати.
Нападот се случи во 22:30 часот вечерат, на светската турнеја на пејачката под името Dangerous Woman Tour. На концертот имало повеќе од 14.000 посетители.
Полицијата истакнала дека тоа било најсмртоносниот напад во Обединетото Кралство, по бомбашките напади кои се случија во Лондон во 2005 година.
Напаѓачот четири часа пред почетокот на концертот, на „Твитер“ објавил дека ќе го изврши нападот и рекол дека тоа е одмазда за сите напади на децата во Мосул и Раки. Но, на ваквите закани никој не реагирал.