Ѓоковиќ и Федерер нема да присуствуваат на венчавката на Надал

By

Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал денеска ќе се жени со својата долгогодишна девојка Марија Франциско Перело – Циска. Како што пренесуваат странските медиуми, на венчавката ќе присуствуваат повеќе од 500 гости. Меѓу поканетите ќе ги нема колегите и пријатели на Шпанецот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Двајцата се извинија и навестија дека немаат време поради големиот број обврски. Меѓу поканетите нема да има ни политичари. На венчавката ќе се појават фудбалерот Кристијано Роналдо, шпанскиот кошаркар Пол Гасол, пејачот Енрике Иглесиас и тенисерот Фелисијано Лопез.

Венчавката ќе се одржи во Мајорка, во градот Поленсе, во старата тврдина Форталезе вредна дури 120 милиони евра. Ниту еден од гостите нема да смее со себе да носи мобилен телефон.

Сите вработени кои ќе се грижат венчавката да мине во најдобар ред, потпишале договори за доверливост. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека на Надал и неговата девојка, приваноста и безбедноста им се најважни. Повеќето од гостите ќе пристигнат со автобуси и за викендот ќе отседнат во некои од хотелите во градот.

За храната задолжен ќе биде познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Надал за разлика од гостите, ќе ужива во специјален оброк. За разлика од неговите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба, Надал ќе може да ужива во специјалните подготвени салати од зеленчук.

Обезбедувањето треба да спречи употреба на дронови, а притавните авиони исто така нема да можат да го надлетуваат местото на венчавката, за да се спречи било каков обид на папараците да дојдат до ексклузивни фотографии. Невестата за овој настан одбра венчаница од Барселона.

Свештеникот Томе Катала ќе ги венча младенците. Тој е близок пријател на семејството на Надал. Шпанецот ќе нема време за медениот месец. Само пет дена по венчавката тој треба да игра егзебиционен меч во Казахстан.

Ќе ви се допадне