Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е прогласен за најдобар спортист на Европа за 2018 година во традиционалниот избор на новинската агенција PAP.
За Новак ова е трето вакво издание, кое веќе го освои во 2011 година и 2015 година. Србскиот тенисер победи со 145 бодови, односно 13 повеќе од второпласираниот Лука Модриќ. Трет на листата е возачот на Формула 1, Луис Хамилтон со 114 бодови.
Во Топ 10 се најдоа уште и Антоан Гризман (фудбалер), Марсел Хиршер (скијач), Сином Халеп (тенисерка).
Во овој избор учествуваа дури 23 европски агенции.
Ова е листата:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија/тенисер) 145
2. Лука Модриќ (Хрватска/фудбал) 132
3. Луис Хамилтон (Англија/Формула 1) 114
4. Естер Ледечка (Чешка/алпско скијање, сноуборд) 74
5. Мартин Форкејд (Франција/биатлон) 69
6. Марсел Хиршер (Австрија/алпско скијање) 67
7. Марит Бјоерген (Норвешка/ски трчање) 59
8. Антоан Гризман (Франција/фудбал) 43
9. Кевин Мајер (Франција/атлетика) 40