Гордон Ремзи ги затвори рестораните и загуби 66 милиони евра

Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи претрпел загуба од 66 милиони евра, откако затворил поголем дел од своите ресторани поради пандемијата, поради пренесуваат светските медиуми.

Ремзи поседува 35 ресторани, од кои 18 се во Лондон. Тој планирал да отвори уште пет ресторани годинава, но нема да ги отвори поради пандемијата. Ремзи загубил 11,5 милиони евра само на сметка на откажаните резервации во јануари, поради третиот карантин. Тој бил принуден да побара помош од британската влада за да спаси илјадници работни места во неговите ресторани.

Компанијата „Гордон Ремзи ресторантс груп“ е основана во 1997 година и е една од најголемите од тој вид во приватна сопстеност во Велика Британија. Ремзи има 10 ресторани и во САД.

 

Scroll to Top