Британскиот готвач Гордон Ремзи почна нов бизнис со вино што ќе се произведува во Калифорнија. Осумте сорти вина ќе го носат неговото име „гордон ремзи“ и ќе се произведуваат од ретки сорти грозје и при минимална филтрација. Соработници на Ремзи во новиот бизнис му се сомелиерот Крис Милер и меѓународно признатиот стручњак Ник Дјумерг.
Цената за шише се движи од 20 до 80 американски долари. Вината засега може да се купат само во САД.
Ремзи, кој е познат по необичните јадења, веќе почна да ги поврзува новите вина со своите готварски специјалитети. Така, неговото „каберне совињон“ најмногу оди со бургерот од говедски ребра и со мајонез, кој самиот го прави, вели тој.