„Готово е меѓу нас“ – Ештон Кучер и Мила Кунис објавија заедничко видео

Холивудската двојка Ештон Кучер и Мила Кунис се пошегуваа на сметка на еден светски таблоид кој напишал дека двајцата се разделуваат. Двајцата објавија заедничко видео во кое додека го читаат текстот, се преправаат дека со нивниот брак е готово.

Во видеото актерот вози, додека Мила на совозачкото место го држи мобилниот и го чита текстот во кој пишува дека нивната врска е готова.

„Се чувствував како да ме гушиш. Ги земав и децата“, вели Кунис во видеото додека го читала текстот, додека Аштон вели дека тоа е така затоа што тој е неподнослив за живеење.

Scroll to Top