„Готвење со канабис“ , кулинарско шоу на Келис на „Нетфликс“

Раперката Келис е голем гурман.  Таа наскоро ќе има премиера и на нејзиното готварско шоу на Нетфликс.

„Готвење со канабис“ ќе трае шест епизоди, во кои професионални готвачи ќе се натпреваруваат во готвење на вкусен оброк зготвен со канабис. Највкусниот рецепт ќе биде награден со 10.000 долари.

„Секој кој ме знае, знае дека обожувам „Нетфликс“, па сево ова е како остварување на сон“, напишала Келис во своето соопштение на „Инстаграм“.

„Како професионален готвач, сум заинтересирана за вкусното, но како обичен човек сум заинтригирана колку е моќна храната во општеството. Во оваа држава многу нешта системски се искористуваат за да опресираат групи на луѓе, но готвењето е многу важно и преку него можеме да учиме и да се развиваме заедно“, додала таа.

Scroll to Top