Глумецот Џеси Мекалфи (41), кого публиката го запозна со улогата на градинарот Џон Роланд во серијата „Очајни домаќинки“, ја раскина веридбата со свршеницата Кара Сантана (35). Причина за разделбата е наводното неверство на Џеси. Во таблоидите деновиве беа објавени слики од глумецот со две различни девојки – со едната се држи за рака, со другата се бакнува.
Веста за разделбата ја потврди и пријател на Џеси за магазинот „Пипл“, но тврди дека глумецот никогаш не ја изневерил свршеницата. „Веќе не се заедно, но тој не беше неверен“, рекол тој.
Двојката беше во врска 13 години, а се верија во 2016 година. Според медиумите, Кара не очекувала дека Џеси ќе ја остави, оти, според неа, врската им била одлична. Тие дури и се појавија на црвениот тепих заедно пред неполни две недели.
Инаки, Џеси е познат по улогите во филмовите „Џон Такер мора да умре“ и серијата „Чесапик шорс“. Снимил и многу романтични филмови за канаот „Халмарк“. Освен што глуми, Џеси пее и свири гитара, а има и снимено неколку кантри песни.