Холивудската глумица Гвинет Палтроу и нејзиниот нов сопруг Бред Фалчук не живеат заедно цело време. Гвинет за американските медиуми открила дека четири дена во неделата спие во домот на мажот, а останатите три дена спие кај неа дома.
„Сите мои пријатели што се во брак сметаат дека начинот на кој живееме е идеален и не треба да го менуваме“, рекла глумицата.
Ваквото однесување на Гвинет не ги чуди нејзините пријатели. Откако таа и Бред се венчаа лани во септември, на меден месец со себе ги водеа и децата на Гвинет, но и нејзиниот прв маж, Крис Мартин, пејачот на „Колдплеј“.