Гвинет Палтроу продава свеќи со мирис на нејзината вагина

By

Холивудската глумица Гвинет Палтроу преку интернет продава миризливи свеќи кои имаат мирис на нејзината вагина. Свеќите наречени „Ова е мириса на мојата вагина“, се продаваат за 75 долари, а може да се нарачаат преку нејзината онлајн продавница Goop. За време на тест периодот, свеќата се распродала за неколку часа. Таа има арома на цитрус, бергамот и кедар, кои го надополнуваат основниот мирис на свеќата.

Според Палтроу, открила дека миризливата свеќата настанала како шега, а тоа стои и во описот на производот: „Оваа свеќа започна како шега помеѓу парфимерот Даглас Литл и мојот доктор – тие работеа на мирис, кога мојот лекар рече дека комбинацијата од ароматите мириса на вагината. Од шега, идејата стана смешна, згодна, секси и убава неочекувана комбинација на мириси“.

Гвинет ја основа својата онлајн продавница во 2008 година. Таа преку неа неодамна продаде вибратор од злато за 15.000 долари. Лани пореку продавницата понуди бургундски кожен костум за 786 американски долари, во комплет со камшик од црна кожа за 300 американски долари.

47-годишната Гвинет вели дека нема да се откаже од глума целосно, но планира повеќе да се фокусира на воспоставување и проширување на својата онлајн продавница.

„Никогаш не реков дека се откажувам од глума. Но, Goop е моја страст за работа со полно работно време, а да се биде основач и извршен директор на Goop е она што го правам цел ден и сакам да го работам цело време“, рекла таа за американските медиуми.

Ќе ви се допадне