Гвинет проговори за сексуалните напади на Вајнстин

Актерката Гвинет Палтроу е меѓу првите кои открила дека била една во низата на жртвите на продуцентот Харви Вајнстин, кој своевремено сексуално ја вознемирувал, а сега проговорила и за конфликтот кој настанал помеѓу неа и Бред Пит.

Гвинет во емисијата на Хуард Стерн ја опишала ситуацијата која се случила во 1995 година на премиерата на „Хамлет“ на Бродвеј, кога нејзиниот тогашен дечко Бред Пит дознал дека Вајнстин сексуално ја вознермирувал, пишува Дејли Мејл.

„Пит го приковал до ѕид Вајнстин и му рекол – Ако направиш нешто поради кое таа ќе се чувствува непријатно, ќе те убијам“, раскажала Палтроу.

Гвинет е една од првите актерки кои минатата година јавно проговори за однесувањето на Вајнстин.

„Бев дете и бев многу уплашена. Кога стигнав во хотелот тој почна да ме масира и ме повика да му се придружам во спалната соба. Бев очајна. До тој момент го сметав за некаков вјко Харви“, вели таа.

„Веднаш му реков на Пит што се случи. Бев многу вознемирена, а штотуку имав потпишано два филма со тој човек“, вели таа.

 

 

 

Scroll to Top