Хали Бери била бездомник

Оскаровката Хали Бери на 20 години била бездомник и спиела во прифатилиште. Кога ја освоила титулата мис Охајо, се преселила во Њујорк за да стане модел. Но, бидејќи таа не им била по мерак на модните агенти, полека останала без заштедата и актерката била исфрлена од изнајмениот стан.

„Ѝ се јавив мајка ми и ја молев да ми позајми пари, но таа одби. Тоа доведе до расправија по што не разговаравме една година. Тоа е веројатно најдобрата работа што некогаш ми се случила“, раскажала таа за списанието „Пипл“.

„Живеев во прифатилиште со бездомници и по некое време добив работа како келнерка. Тоа ме научи како да се грижам за себе и како да се снајдам во секој момент“, додала таа велејќи дека тоа искуство подоцна ѝ помогнало полесно да се справи со трите пропаднати брака.

 

Scroll to Top