Хали Бери десет години држи иста диета

Холивудската ѕвезда Хали Бери откри дека десет години држи иста диета. Таа признава дека нема добра генетика, па затоа мора да внимава што јаде, ама и дека постојано вежба и дека тоа ѝ помага да ја одржи линијата.

„Последниве десет години во форма ме одржува диета. Да, десетгодишна диета. Не станува збор за класична диета која подразбира гладување, туку начин на исхрана која подразбира исфрлање на нездравите намирници. Нашиот внатрешен „војник“ е добар само ако добро го храниме, а тоа што јадеме ја гради нашата основа“, напиша Хали на својот инстаграм-профил и сподели видео од секојдневните вежби што ги прави.

Глумицата призна дека не може да им одолее на газираните сокови и дека повремено пие газирано иако тренерот ѝ брани.

Scroll to Top