Хали Бери од бездомничка до гламурот во Холивуд

 Хали Бери важи за една од најплатените светски актерки, но нејзиниот пат до славата не бил отсекогаш лесен, раскажува таа во едно од своите последни интервјуа.

Родителите ѝ се развеле кога имала четири години, а таа продолжила да живее со мајка ѝ. Признава дека во животот имало моменти кога немале пари за да се прехранат, а била и бездомник.

„Пред да пристигнам во Њујорк, немав пари и немав свој дом. Немав место каде да живеам“, раскажува Бери.

Во доцните осумдесетти Бери заминува за Чикаго каде почнува да работи како глумица и модел. Една од нејзините први улоги била во ТВ серијата Chicago Force. Подоцна игра во уште неколку телевизиски серии и филмови.

Кариерата ја почнала како модел. Во 1986 година. Бери станува втора придружничка на Мис на Америка, а истата година на Светскиот натпревар за убавина, го освоила шестото место.

Нејзиното позначајно остварување е комедијата „Бумеранг“, каде партнер ѝ е актерот и комичар Еди Марфи.

Бери подоцна се појавува во филмот „Флинстонс“, додека за улогата во „Запознај се со Дороти Дендриџ“ ќе ги добие наградите „Еми“ и статуетката „Златен глобус“.

Бери е првата црна жена добитник на наградата Оскар за филмот „Бал на монструми“. Актерката признава дека покрај успесите, паралелно водела тешки битки на приватен план. Се мажела три пати, а за време на бракот со првиот сопруг, Дејвид Џастин,  признава дека се обидела да се самоубие.

Scroll to Top