Хари без Меган ќе дојде на погребот на принцот Филип

By

Од кралската палата потврдија дека поранешниот принц Хари, ќе присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип, кој почина минатата недела на 99 годишна возраст. Од таму велат дека неговата сопруга Меган Маркл нема да биде со него, пренесува People.

Како што пренесуваат медиумите нејзините лекари ја советувале да не патува поради нејзината состојба. Меган го очекува своето второ дете. Таа на крајот на пролетта ќе добие девојче. На Хари ова ќе му биде прво доаѓање во Британија, откако ја напушти на почетокот минатата година.

Тој со Меган и нивниот син Арчи, заминаа на почетокот во Канада, а потоа се преселија во САД, каде во моментов се наоѓаат. Хари за првпат ќе се соочи и со неговото семејство, месец дена откако го направи интервјуто кај американската водителка Опра Винфри.

Во него меѓу останатото, тој го обвини кралското семејство за расизам и дискриминација на неговиот син. Медиумите во Британија пишуваат што очекуваат да се случи од оваа средба.

За потсетување, војводата од Единбург почина во саботата утрото, само неколку месеци пред неговиот 100 роденден. Погребот на сопругот на британската кралица Елизабета Втора, ќе се одржи во престојната сабота.

 

Ќе ви се допадне

4Anime persona 4 the animation free: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://4anime.biz/m/gX8) Episode 25

AnimeHeaven anime stream: So I'm a Spider, So What? Episode 13