Хари и Меган ќе заработат 100 милиони фунти од снимањето на нивната прва серија за „Нетфликс“

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе заработат 100 милиони фунти за снимање на нивната прва серија за „Нетфликс“, која ќе се фокусира на спортистите кои се натпреваруваат на Invictus Games, натпревар за повредени ветерани што треба да се одржи во Хаг во 2022 година.

Принцот Хари со цел да види како течат подготовките во Холандија, планира да наврати и во Велика Британија и да се сретне со кралицата Елизабета, а со себе ќе донесе и филмска екипа и камермани, пишува британски „Мирор“.

Тој ќе ја посети организацијата Invictus. Во неговиот распоред стои дека ќе ја посети баба му по свечениот говор во рехабилитациониот центар каде ќе се снима серијата. Засега не е познато дали ќе се види и со неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Како што пренесува британски „Мирор“, Хари ќе ги остави сопругата Меган Маркл и двете деца Арчи и Лилибет во Америка.. Тој ќе патува само со филмската екипа.

Екипата ќе снима во рамки на повеќемилионскиот договор направен минатата година меѓу компаниите „Нетфликс“ и „Арчвел продукцијата од Сасекс“.

Документарецот ќе го режира Британец, кој освои Оскар за филмот „Бели шлемови“. Хари две години бил во Авганистан и тој е страствен вљубеник на Invictus Games.

Игрите се основаа во 2013 година, А Хари присуствуваше на слични воени игри и во Америка, исто така наменети за ветерани со физички и ментални инвалидитет.

Претставувајќи ја Invictus фондацијата, лорд Чарлс Ален го известил целиот персонал за настанот кој е планиран за викендот, кој ќе ги обликува плановите за игрите кои ќе се одржат наредната година во април.

„Војводата од Сасекс ќе дојде за да се увери дека сме подготвени затоа што последните игри беа откажани поради Ковид-19. Се надеваме дека ситуацијата во април следната година ќе овозможи игрите да се одржат според планираното во Холандија“, изјавил извор за „Сандеј Експрес“.

„Колку што разбравме, војводата ќе биде придружуван од мала филмска екипа, сè со цел јавноста да открие и да види колку е посветен и колку напорно работи и вложува за овие игри“, завршил изворот.

 

Scroll to Top