Хари изгуби тужба, дивите животни со кои се сликал биле дрогирани

Хари изгуби тужба против британски таблоид кој напишал дека дивите животни кои биле објавени на неговиот официјален инстаграм-профил биле дрогирани, пренесува Си-ен-ен.

Принцот претходно се жалел на независната организација за медиумски стандарди, велејќи дека објавил фотографии за да ја подигне свеста, а не да ја покаже уметноста на фотографирање со диви животни.

Целата приказна почнала во април минатата година, кога принцот по повод Денот на планетата земја ги објавил спорните фотографии.

Најмногу внимание привлекол слонот кој исто така бил врзан, но поради начинот на кој фотографијата е уредувана, обожавателите на Хари не можеле да го видат јажињата околу задните нозе.

Теренскиот водич во Малави, Френк Веитзер, за новинарите на „Дејли мејл“ изјавил дека тој ги направил фотографиите.

„Тоа се случи на крајот на јули 2016 година. Имам низа фотографии од поинакви преспективи, кои го прикажуваат слонот кој подоцна падна на земја“, изјавил Френк, потврдувајќи дека неговиот албум е снимен во исто време кога го снимал и поранешниот принц.

По направените фотографии, таблоидот излегол со наслов „Дрогирани и врзани… Она што Хари не ви го кажа за прекрасните фотографии со дивите животни.

Принцот потоа се пожалил, но сепак организацијата ја одбила неговата жалба, објаснувајќи дека новинарите не го прекршиле кодексот на праската на самата организација. Од Бакингемска палата одбиле да ја коментираат ваквата одлука.

 

 

Scroll to Top