Војводата и војвотката од Сасекс добија свои фигури во музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон, пренесуваат британските медиуми. Фигурата на Меган е облечена во зелен фустан, ист како фустанот што го носеше поранешната актерка на денот кога ја објавија свршувачката, а фигурата на Хари е облечена во модерен тегет костум.
Пред Меган и Хари, восочни фигури добија и кралицата Елизабета, принцот Филип, Кејт и Вилијам. Сепак, Меган Маркл и принцот Хари за кратко време станаа вистинска атракција.
„Сите посетители на музејот сакаат да се фотографираат со нив. Покрај нивните фигури е најголемиот метеж“, велат од „Мадам Тисо“.