Принцот Хари и неговата сопруга, војвотката Меган Маркл, чекаат принова. Од Кенсингтонската палата соопштија преку Твитер дека војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, на пролет ќе добијат бебе.
Хари и Меган радосната вест ја соопштиле на семејството во петокот, за време на венчавката на принцезата Јуџин.
Двајцата се венчаа во мај оваа година, а деталите од нивната раскошна венчавка, која се одржа во дворецот Винзор, се прераскажуваат до денес.
Their Royal Highnesses The Duke and Duchess of Sussex are very pleased to announce that The Duchess of Sussex is expecting a baby in the Spring of 2019. pic.twitter.com/Ut9C0RagLk
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) October 15, 2018
„Кралското семејство им се заблагодарува на сите луѓе во светот за поддршката што ѝ ја даваат на младата брачна двојка уште од мај и е пресреќно што може со нив да ја сподели оваа радосна вест“, пишува во соопштението.