Омилениот волшебник од филмовите за „Хари Потер“, Даниел Редклиф во април годинава првпат стана татко. Тој доби син со својата долгогодишна партнерка, актерката Ерин Дарк, а како што вели животот целосно му се променил. Новата улога, можеби најважната во неговиот живот, за него била подеднакво одлична и страшна.
– Тој е одличен, тој е неверојатен. Тој е најдоброто нешто што се случило. Искрено, страшно е да се има човечко суштество на овој свет за кој толку се грижам – рекол актерот, пренесува „пипл“.
Тој додаде дека сега знае дека се што прави неговиот син ќе влијае на тоа како тој како татко се чувствува до крајот на својот живот. Тој се пошегува и дека бебињата имаат различен ритам од возрасните – како што рече, колку помалку спие, толку е поуморен и полесно заспива ноќе, но колку повеќе бебињата спијат во текот на денот, толку повеќе спијат ноќе. Сепак, како и досега, тој не го криеше својот чист ентузијазам за својот син.
– Фактот дека постои суштество кое може да ти ја подари најлошата ноќ во животот, а потоа наутро ќе се разбудиш и ќе му пријдеш, тој се врти и се насмевнува и одеднаш не ти е гајле за ништо што направил. Тоа е прилично кул, рекол актерт.
Редклиф ја запознал својата девојка Ерин уште во 2012 година, на снимањето на филмот Kill Your Darlings и тие се во врска повеќе од десет години. Ретко зборува за приватниот живот, а кратко по раѓањето на синот изјави дека ја има привилегијата да биде со таква личност како Ерин и дека ќе се труди што повеќе време да поминува со синот.
– Сè уште не влијаеше на актерството, но многу ми се допаѓа да поминувам време со него и мислам дека ќе ми недостига кога ќе се враќам подоцна од работа во текот на годината – рече тој.