Хари Стајлс е првиот маж на насловната на „Вог“ по 127 години постоење на популарниот магазин

Поп-пејачот Хари Стајлс е првиот маж во историјата на магазинот “Вог” што се појави на нивната насловна страница, во текот на 127 години од постоењето на списанието. Младиот пејач за потребите на сликањето носеше фустан, а како што призна во интервјуто, обожава да носи женска облека.

Не е тајна дека Стајлс, откако го напушти бендот “One Direction” стана вистинска модна икона. Во текот на изминатите неколку години, тој често носеше „чудна“ гардероба и експериментираше со сопствената сексуалност, мажественост и сликата што ја гради стрејт маж во денешниот свет.

Она што му донесе комплименти во последните неколку години е фактот дека тој не се плаши да носи парчиња што традиционално се резервирани за жени.

Scroll to Top