Поранешниот дом на пејачот Хари Стајлс во Лос Анџелес кој беше прикажан во првата епизода на шестата сезона на „Selling Sunset“, која премиерно беше прикажана на Нетфликс минатиот викенд, се продава за 7 милиони евра. Агентот за недвижности Ема Хернан, која го продава поранешниот дом на поп-ѕвездата за време на снимањето на серијата, објаснила дека огласот го добила преку клиент кој ја купил куќата од Стајлс.
Додека разговарала со Кришела Стаус за време на обиколката на имотот, Хернан открива што оставил Стајлс кога се иселил.
„Тој остави многу работи зад себе – на пример, стотици пара чевли со високи потпетици. Мислам дека повеќе не се таму, но можеби ќе можам да ги најдам“, изјавила агентката за недвижности.
Стаузе потоа се пошегувала дека ова е нивната шанса да се вратат зад сцената на еден од концертите на Хари.
„Можеме да кажеме: „Хари, имаме чевли што треба да ти ги вратиме!“.
Раскошниот поранешен дом на Хари може да се пофали со канцеларија, теретана, домашно кино и гаража со два автомобили, како и базен и бујно зеленило. Како што истакнале агентите, ова е една од најубавите и најлуксузните куќи во Холивуд Хилс.