Познатиот американски актер Харисон Форд, го искористил денешниот меѓународен собир во Дубаи, за да ги критикува ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп и другите официјални лица кои негираат дека постојат климатски промени.
„Секаде во светот, сите претседатело, па и во мојата земја, во целта за зачувување на сопствените интереси, ја негираат или оцрнуваат науката“, изјавил Форд на годишниот самит за глобалното управување.
„Тие (претседателите) се на погрешната страна на историјата“, изјавил Харисон (76) познат по улогите на Хан Соло во серијата „Војна на Ѕвездите“ и „Индијана Џонс“.
Споменувајќи ја најголемата морална криза во сегашноста, Форд изразил жалење што некои луѓе кои се најмалку одговорни за уништувањето на природата, ќе ги трпат најголемите последици од тоа. Трамп неколку месеци по доаѓањето на функцијата во Белата куќа во 2017 година, одлучил САД да се повлече од меѓународниот договор за борба против климатските промени, велејќи дека таквиот договор може да ја загрози американската економија.
Според тој договор кој беше потпишан во 2015 година во Париз, околу 200 земји се обврзани да го намалат глобалното затоплување под два степени Целзиусови.
Научниците предвидуваат дека доколку не биде постигната таа цел, ќе дојде до екстремни климатски промени.
„Денес ни е потребна природата повеќе од кога било претходно, ако сакаме да го преживее ова на нашата планета“, изјавил Форд и додал дека луѓето не ѝ се потребни на природата, туку дека на луѓето им е потребна природата.