Харисон Форд ја најави премиерата на новиот „Индијана Џонс“ додека беше на прослава за „Војна на ѕвездите“

Актерот Харисон Форд потврди дека петтиот дел на „Индијана Џонс“ ќе се прикажува идната година. Актерот го откри датумот откако ја изведе светски познатата музичка тема на филмот на композиторот Џон Вилијамс на прославата на „Војна на ѕвездите“ во Анахајм, Калифорнија.

Форд му се придружи на Вилијамс на сцената, честитајќи му на неодамна прославениот 90-ти роденден и велејќи му дека музиката од филмот „го следи во чекор“.

„Среќен сум поради тоа. Таа музика одеше во позадина во операционата сала кога ја направив мојата последна колоноскопија“, рече актерот.

Форд додаде дека последното продолжение на „Индијана Џонс,“ со партитурата од Вилијамс, е скоро готова,  и дека филмот излегува на 30 јуни 2023 година.

Scroll to Top