Холивудскиот глумец Харисон Форд петти пат ќе го глуми ликот на Индијана Џонс, пренесе „Ен-би-си њуз“. 77-годишниот глумец повторно ќе ја игра улогата на популарниот авантурист и истражувач, што му ја одбележа кариерата.
„Сценариото е во завршна фаза, на добар пат сме да ја направиме приказната како што сакаме“, рече Кетлин Кенеди, претседателката на „Лукас филмс“.
Таа рекла дека Харисон Форд и овој пат ќе ја игра главната улога, а дека приказната ќе продолжи онаму каде што застана со четвртиот дел. И осега режисер ќе биде Стивен Спилберг, а филмот ќе игра во кината во 2021 година, потврди Кенеди во интервјуто.