Харисон Форд се повреди на снимањето на „Индијана Џонс“

Харисон Форд (78) го повреди рамото на снимањето сцена со борба во филмот „Индијана Џонс 5“, потврди Дизни. За сега не се знае колку е сериозна повредата на Форд.

„Во текот на пробите за сцена со борба, Харисон Форд се здоби со повреда на неговото рамо. Сега распоредот на снимањата ќе зависат од процесот на лекување на актерот“, рекоа од Дизни во изјава за Инсајдер.

Форд ќе ја повтори својата легендарна улога на археолог кој оди во авантури 13 години по последниот филм, „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ од 2008 година.

Снимањето на петтиот филм во франшизата почна на почетокот на јуни во Велика Британија. Ова е прв филм за Индијана Џонс кој не е во режија на Стивен Спилберг, туку го режира Џејмс Манголд. Спилберг е продуцент на филмот. Во филмот играат уште и Мадс Микелсен, Фиби Валер-Бриџ и Тоби Џонс.

Премиерата на филмот е закажана за 29 јули 2022 година.

Scroll to Top